На 14 март 2026, во салата „Борис Трајковски“ заеднички концерт ќе одржат хрватските пејачи Петар Грашо и Дорис Драговиќ. Грашо е чест гостин во Македонија, а Драговиќ одамна немала концерт во Скопје.
Во екот на најголемата популарност, Драговиќ во 1987 одржа седум последователни концерти во Универзална сала во Скопје. Тие следеа по нејзиниот настап на Евровизија во Берген во 1986, кога ја претставуваше Југославија со песната „Желбо моја“ (Жељо моја).
Кариерата ја започна на почетокот на 1980-тите со групата „Море“, со која ги сними првите два албума, а потоа уште 13 соло студиски и три концертни албуми. Во 1999 ја претставуваше Хрватска на Евровизија во Ерусалим со песната „Марија Магдалена“ и заврши на четвртото место. Со Петар Грашо се долгогодишни пријатели и соработници и заедно го имаат испеано дуетот „Што остана од мене“ (Што је од мене остало) во 1997.
Концертот го организира продукцијата „Прагма“.