ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО АМЕРИКАНЦИТЕ „ЈЕЛОУЏЕКЕТС“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 6 ноември во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“ од САД (фото). Диригент ќе биде Боб Минтцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, „Јелоуџекетс“ се етаблираа како еден од најзначајните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, тие оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.