Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип утре (7 октомври) од 20 часот во малата сала на Филхармонијата.
„Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат“, велат од Националниот џез оркестар.
Влезот на концертот е слободен.
НЏО на 1 октомври одржа концерт со американскиот џез гитарист, композитор и продуцент Курт Розенвинкел во Скопје (фото).
Фото: М. Аргакијева