На 13 февруари, во Драмскиот театар во Скопје премиерно ќе се изведе монодрамата „Џеки“
со актерката Трајанка Илиева-Вељиќ. Станува збор за извадок од претставата „Драми на принцезите“, работена според делото на нобеловката Елфриде Јелинек, во режија на Жива Бизовичар од Словенија. Премиерата на претставата беше во 2024, но веќе не е на репертоарот.
Илиева-Вељиќ на прес-конференцијата рече дека во претставата Јелинек прави значаен исчекор и ја извлекува Џеки Кенеди од рамките на чисто историска личност. Наместо тоа, Џеки е претставена како мит, икона, слика која зборува и културен амбасадор.
„Оваа ‘слика’ не се фокусира на документаристички или историски факти, туку на сето она што било потиснато. Таа зборува за нештата за кои вистинската Џеки Кенеди не смеела или не можела да зборува во своето време. Џеки Кенеди е препозната како една од најголемите икони на поп-културата и модата во 20. век. И покрај нејзината надворешна сила, таа се соочувала со многу ‘духови’. Нејзиното страдање е рефлексија на тагата на сите жени во светот“, кажа актерката.
Сценограф и автор на музиката е Јан Крмељ, а костимите се на Александар Ношпал.
Б. НЕСТОРОСКА
Фото: Трајанка Илиева-Вељиќ и директорот на Драмски, Роберт Вељановски