Книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе биде промовирана на 9 октомври во „Јавна соба“ во 20 часот. Во книгата се објавени 13 раскази и четири есеи за слободата. Издавач е „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје. На промоцијата, актерот Филип Трајковиќ ќе чита делови од книгата.
Дртковски е новинар, колумнист, публицист, издавач и автор на повеќе книги.
Во претставувањето на книгата „Приватна насмевка“ се вели:
„Да се биде како другите значи да се биде нормалeн и тоа е крајната цел на граѓанскиот конформизам. Ние лесно се приспособуваме на мејнстримот, таму препознаваме желби и ги откриваме правилата кои треба да се следат. Ликовите во ‘Приватна насмевка’ се држат понастрана од мејнстримот и клишето и за нив не важи емотивниот маниризам кој доминира во глобалната инстант-култура“.