НАЈПОЗНАТАТА ПЛУС САЈЗ МАНЕКЕНКА ЕШЛИ ГРЕМ РОДИ СИН

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Најпознатата плус сајз манекенка Ешли Грам и нејзиниот сопруг, снимателот Џастин Ирвин, го добија нивното прво дете. Манекенката на Инстаграм објави дека родила син во саботата.

„Нашите животи станаа подобри“, напиша 32-годишната Грем, прва манекенка со облини која се појави на насловната страница на „Спортс илустрејтед“.

Грем и Ирвин се во брак десет години. Таа во текот на целата бременост беше на насловни страници на светски магазини, а во септември се појави и на писта на модната ревија на Томи Хилфигер.