Наоми Кембел инсистираше дека нејзината ќерка не е посвоена откако за првпат ѝ го покажа лицето во фотосесијата за мартовското издание на британски „Вог“.
Педесет и едногодишниот супермодел ја изненади јавноста кога во мај објави дека станала мајка, само неколку недели откако без видливо трудничко стомаче се појави на пистата на Њујоршката модна недела.

Кембел кажа дека сега деветмесечното бебе е нејзино, не откривајќи кој е таткото.
„Таа не беше посвоена, таа е мое дете“, вели Кембел и призна дека многу малку луѓе знаеле дека планира да стане родител.
„Таа е најголемиот благослов што можам да го замислам, најдобрата работа што сум ја направила“.
Кембел никогаш не откри како ја добила ќерката, чие име не е познато, но во минатото ги фалеше модерните научни методи кои би ѝ овозможиле да стане родител кога ќе посака.