Наоми Кембел објави дека родила девојче. Тоа е прво дете за 50-годишниот британски супермодел.
„Прекрасен мал благослов ме избра мене да му бидам мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови со кои може да се опише доживотната врска што сега ја делам со тебе. Не постои поголема љубов“, напиша Кембел на Инстаграм.
Кембел, која на 22 мај ќе наполни 51 година и не е познато дека е во врска, не сподели други детали, како името на девојчето и кога е родено. Таа не навести ни на кој начин е родено бебето, но во едно интервју пред четири години ја пофали науката што денес ѝ овозможува да почне семејство кога и да посака.