„На Брук Шилдс не ѝ е дозволено да старее“ е насловот на новите мемоари на актерката Брук Шилдс.
„Бев на коктел и имав убав разговор со еден господин. Тој ме импресионираше со своето знаење за виното, па решив да зборам за моето лозје. Му кажав дека имам 59 години, а тој рече: ‘Посакувам да не ми го кажешe тоа’“, рече Шилдс во шоуто на Кели Кларксон.
Актерката вели дека книгата ја напишала за да сфатат сите дека таа е возрасна жена и не е веќе девојчето од филмот „Сина лагуна“ од 1980. Овој филм ја направи ѕвезда кога имаше само 15 години.
Шилдс почнала да се занимава со манекенство на 11 месеци, пред да почне да зборува. Првата голема филмска улога ја доби на 11-годишна возраст во „Убавото бебе“, а првпат се појави на насловната страница на списание кога имаше 12 години со нејзината мајка Тери.
Зборувајќи за филмот „Сина лагуна“, Шилдс рече дека режисерот сакал тоа биде „нејзиното сексуално будење“.
Неодамна, актерката му кажувала на својот терапевт за едно прашање што сите ѝ го поставуваат: „Како излезе толку нормална?“ Таа секогаш одговарала на прашањето со збунета благодарност, зборувајќи за школувањето во Принстон, нејзиниот фокус да ја одржува мајка си во живот и како проблемите со зависноста на нејзината мајка никогаш не влијаеле и таа да биде како неа.
„Нашиот опстанок е резултат на нашиот индивидуален карактер“, вели Шилдс.