НАСТАНОТ „ТАНГО ЕДИНСТВО“ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (1 јуни) од 17:30 часот, кај Колонадата на независноста пред Националната опера и балет, кај кејот на Вардар ќе се одржи завршниот настан на проектот „Танго Единство: Прегрнување на разликите преку танц“.

Проектот Танго Единство, поддржан од Британски совет е дел од програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs). Станува збор за проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да поттикне дијалог во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор за поголемо социо-економско влијание.

„Танго Единство“ е проект реализиран од Фамилија Тангови Скопје, во партнерство со Школата за танци Буена Виста од Подгорица.

„Преку силата на аргентинското танго, проектот ги поврзува младите од Македонија и Црна Гора, поттикнувајќи личен развој, меѓународна соработка и активно учество на млади ментори, со особен фокус на девојки и млади од маргинализирани средини“, велат оргаганизаторите. 

Најавени се танцови работилници, јавни презентации и менторски активности, и над 90 учесници.