Британскиот актер Бенедикт Камбербач, познат по улогата на Шерлок Холмс во ТВ-серијата „Шерлок“ и хитот на „Марвел“ „Доктор Стрејнџ“, вели дека никогаш не очекувал дека ќе стане секс симбол во филмскиот свет. Во 2010, кога првпат го играше генијалниот детектив во серијата на Би-Би-Си, не ни помислувал дека таа улога ќе му донесе светска слава и ќе го направи еден од омилените актери на женската публика. Дури и денес, актерот сè уште не е сигурен што точно го направило толку привлечен за публиката.
Во интервју за „Вараети“ пред премиерата на новиот филм „The Thing with Feathers“, 48-годишниот глумец вели дека бил збунет од вниманието што го добил по улогата на Шерлок.
„Јас не сум Бред, не сум Леонардо, не сум типична филмска ѕвезда. Знам дека луѓето коментираа: ‘Зошто тој воопшто ни е привлечен?‘ Но, јас не се седам и мислам: ‘Зошто сум секси?’ Се гледам во огледалото и се грижам како стареам, како и секој друг човек“, рече Камбербач.
Новиот филм премиерно ќе се прикаже на 25 јануари на филмскиот фестивал Санденс.
(Фото: Вараети)