Еден од најпопуларните српски актери Никола Ѓуричко вечерва во 20 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе настапи со своето стендап шоу „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“. Ѓуричко, кој е и продуцент и водител, утревечер ќе настапи и во Штип.
„Кога наполнив 40 години, една од роденденските одлуки ми беше да направам свое стендап шоу. Многумина од пријателите ме советуваа да го сторам тоа. Се надевам дека не беа само љубезни. На 9 јули наполнив 43 години. Што се случи и зошто ми беа потребни три години? Можеби, животот ме прегази? Знам само дека материјалот цело време ми беше подготвен. Но, признавам дека малку бев уплашен. Како и да е, јас настапувам“, вели Ѓуричко во најавата на шоуто, кое веќе две години се прикажува во регионот.
Четирисет и петгодишниот актер е најпознат по филмовите „Зона Замфирова“, „Ивкова слава“ и „До коска“, како и по серијалот „Монтевидео“. Глумеше и во серијата на својот колега Драган Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот“, како и во дебитантскиот филм на Светозар Ристовски, „Илузија“.
Организатор на македонските гостувања е „КМК продукција“.