НОВИОТ ПРИНЦ ЌЕ СЕ ВИКА ЛУИС

Лондон, (Би-Би-Си)

Војводата и војвотката од Кембриџ го именуваа своето трето дете Луис Артур Чарлс.

Малиот принц се роди во понеделникот во болницата „Сент Мери“ во Лондон и ќе биде петти во редот за наследување на тронот.

Палатата Кенсингтон објави на Твитер дека бебето ќе биде познато како Негово кралско височество принц Луис од Кембриџ.

Луис е едно од средните имиња на првороденото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ. Артур беше средното име на кралот Џорџ Шести, таткото на кралицата Елизабета Втора, а Чарлс се вика дедото на малиот принц.