„Ова не е серија за Дејвид Бекам, туку за мене“, вели Викторија Бекам (51) во документарецот за неа, кој е достапен на „Нетфликс“ од 9 октомври.
Поранешната членка на групата „Спајс грлс“ и модна креаторка ја раскажува својата приказна, две години откако поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Дејвид Бекам (50), ја објави својата, исклучително успешна ТВ-серија. Викторија искрено говори за нарушувањето во исхраната и како тоа ја направило „добра во лажењето“.
Серијата нè води и низ музичката кариера на Викторија, семејниот живот, борбите да се пронајде себеси и подготовките за голема ревија на Модната недела во Париз. Во серијата се појавуваат и нејзини пријатели и ѕвезди како Ева Лонгорија, Ана Винтур и Донатела Версаче.
(Фото: Гети)