Исландскиот актер Хафдур Јулиус Бјернсон, кој се прослави со улогата на Планината во „Игра на тронови“, објави дека чека син со сопругата Келси Морган Хенсон.
Триесет и едногодишниот Бјернсон и една година помладата Хенсон го открија полот на нивното прво дете така што пукнаа голем црн балон од кој се разлетаа сини конфети.
Бјернсон и инструкторката по фитнес се венчаа во октомври 2018 во Исланд, една година откако се запознале во бар во Алберта (Канада).
Исланѓанецот, кој во 2018 година ја освои титулата најсилен човек на светот, е висок 206 сантиметри, 49 повеќе од Хенсон.