ПО ЧЕТИРИ ЌЕРКИ, ЈУАН МЕКГРЕГОР ГО ДОБИ ПРВИОТ СИН НА 50 ГОДИНИ

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Актерот Јуан Мекгрегор објави дека добил син на 50 години. Лори е негово петто дете, но прво од врската со актерката Мери Елизабет Винстед.

„Добредојде на овој свет, мало братче! Честитки за тато и Мери, ова е најубавиот подарок“, напиша една од ќерките на Мекгрегор, Клара, на Инстаграм.

Мекгрегор и 14 години помладата Винстед ја почнаа врската за време на снимањето на серијата „Фарго“ во 2017, што беше повод двајцата да ги растурат своите претходни бракови. Мекгрегор има четири ќерки, од кои една посвоена од Монголија, со првата сопруга Ева Мавракис, со која беше во брак 23 години.