БОСАНСКО-МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСТАВА „ОТЕЛО“ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Босанско-македонската претстава „Отело“ од Шекспир, во режија на Нина Николиќ, ќе се изведе вечерва од 20 часот на Скопско лето во Македонскиот народен театар (МНТ). „Отело“ е копродукција на Босанско народно позориште од Зеница, „Перипетија продукција“ и МНТ.

Во претставата играат актери од БиХ и Македонија и репликите ги изговараат на мајчин јазик. Според драматургот Тамара Барачков, ова читање на „Отело“ е карактеристично по радикалниот пристап кон Шекспировите јазик и стил. Екипата интервенирала во трансформацијата на јазикот и во преведувањето во современ говор.

Отело го игра Енес Салковиќ, Дездемона е Дарја Ризова, а Јаго е Саша Ханџиќ. Од македонската страна играат и Ѓорѓи Јолевски, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски и Аксел Мехмед

Сценографијата е на Вишња Вујовиќ, костимите на Ивана Каранфиловска-Угуровска, а музиката на Дуке Бојаџиев.