ПО ЕП И ОИ, НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГО СУДАТ И МУНДИЈАЛСКОТО ФИНАЛЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија ново големо признание откако беа избрани да го водат вечерашното финале на Светското првенство во Шведска и Полска, во кое за титулата ќе се борат ракометарите на Франција и Данска.

Начевски и Николов на тој начин ќе комплетираат редок хет-трик на големи финалиња во кои што беа судии. Во 2020, тие го водеа финалето на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а следната година им беше укажана уште повисока чест да бидат судии во финалето на Олимписките игри во Токио.