Бившиот канадски премиер Џастин Трудо е снимен на концертот на Кејти Пери во Монтреал, неколку дека откако двајцата биле видени заедно на вечера. Ова само ги засили медиумските шпекулации дека тие се во врска.

Во понеделникот, сајтот ТМЗ објави фотографија од Трудо и Пери како вечераат во еден луксузен ресторан во Монтреал. Тој претходно бил снимен како го шета нејзиното куче во парк.
Овој месец беше објавено дека Пери ја раскинала свршувачката со актерот Орландо Блум, со кого беше во врска седум години. Трудо, пак, се разведе од сопругата Софи во 2023 по 18 години брак.
(Фото: АП)