ПОЧИНА АЛЕК ЏОН САЧ, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „БОН ЏОВИ“

Њујорк, (Би-Би-Си)
Wembley Arena, London 14 May 1993

Еден од основачите на „Бон Џови“, Алек Џон Сач, почина на 70 години, објави американската рок група. Сач беше басист на групата од 1983 до 1994 година и учествуваше во снимањето на првите пет албуми, на кои се наоѓаат нејзините најголеми хитови.

Сач бил пријател со тапанарот Тико Торес од детството и го довел гитаристот Ричи Самбора во групата, со кого претходно свирел во друг бенд.

Алек беше составен дел од нашето формирање. Да бидеме искрени, се споивме токму преку него“, напиша групата на социјалните мрежи.

Сач беше доста повозрасен од останатите членови, што беше и причината да ја напушти групата.

Дискографската куќа лажеше за мојата возраст. Имав 31 година кога ѝ се придружив на групата и бев десетина години постар од останатите. На 43 години почнав да губам енергија и групата почнав да ја чувствувам како работа“, кажа Сач своевремено.