На 14 и 15 март во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи првата регионална конвенција за тетовирање „Уметничка република“. Ќе учествуваат околу 150 тату мајстори кои ќе прикажат различни стилови и техники на тетовирање.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со нив, да учествуваат во работилници и да ги видат најновите трендови за тетовирање. Конвенцијата ќе има и натпреварувачки карактер, со доделување награди во повеќе категории. Организаторите „Скопје тату шоу“ и „Уметност на големото срце“ од Белград најавуваат и музичка програма.
Оттаму велат дека сакаат овој настан да прерасне во традиција.
Слични настани се одржаа во Скопје во претходните години. Повеќе од 50 тату мајстори од 15 земји тетовираа во живо на Скопје тату фест, што се одржа во октомври 2024.
Фото: К. Попов