Поп-ѕвездата Ријана потврди дека го чека третото дете за време на Мет гала во Њујорк, еден од најважните модни настани во годината. Облечена во црно, 37-годишната Ријана последна пристигна на хуманитарниот настан, на кој се собираат средства за Институтот за костими на музејот Метрополитен.
Ријана и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, веќе има двајца синови, родени во мај 2022 и август 2023. Бременоста со второто дете таа ја објави на настапот на полувремето на Супербоулот во 2023.
„Време е да им покажеме на луѓето што сме зготвиле“, кажа АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Маерс.
(Фото: Гети)