СЕ МОЛЕВ ДА ИМАМ ГЛАС ДОДЕКА ГО СНИМАВ НОВИОТ АЛБУМ СО ДУЕТИ, ВЕЛИ БАРБРА СТРЕЈСЕНД

САД, (Вараети)

Барбра Стрејсенд не престанала да работи откако ја започнала својата професионална пејачка кариера пред 65 години во Њујорк.

Стрејсенд, која сега има 83 години, денеска (27 јуни) го објави новиот албум „Тајната на животот – партнери, втор дел“, на кој пее дуети со Боб Дилан, Пол Макартни, Хозиер, Сем Смит, Стинг, Тим Мекгроу и други. Аријана Гранде и Мараја Кери ѝ се придружија на песната „Едно срце, еден глас“.

„Се молев да имам глас додека ги снимав песните. И не ме предаде“, вели Стрејсенд.

„Тајната на животот“ доаѓа неполни две години откако ги објави своите мемоари на 970 страници, „Се викам Барбра“, проследени со 48-часовна аудиокнига и документарец за нејзиниот живот.

Сепак, Стрејсенд признава: „Многу сум мрзелива. Не сакам да работам. Сакам да бидам слободна. Не сакам да имам обврски“.