СЕЛИН ДИОН И ЛЕДИ ГАГА ЌЕ НАСТАПАТ КАКО ДУЕТ НА ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ

Париз, (Гардијан)

Светските поп-ѕвезди Селин Дион и Леди Гага ќе настапат во дует на отворањето на Олимпијадата во Париз на 26 јули. Веста ја објавија повеќе реномирани медиуми како „Гардијан“ и „Индипендент“, но засега не е потврдена од тимовите на пејачките, ниту од организаторите на ОИ.

Дион и Гага ќе го изведат класикот „Живот во розово“ (La Vie en rose) на Едит Пјаф. Гага ја преработи песната за филмот „Ѕвезда е родена“.

Леди Гага е снимена со бело пијано на Сена (Фото: Икс)

Медиумите пишуваат дека пејачките се сместени во ист хотел и биле забележани на сплав со бело пијано на реката Сена. Тие велат дека Дион добила хонорар од два милиона евра за настапот и ќе носи розово-црна креација на „Диор“.

Ова ќе биде првиот настап за Дион откако во 2022 ѝ беше дијагностициран синдромот на вкочанетост, кој се одразува и врз нејзиниот глас. Дион беше дел и од церемонијата на отворањето на ОИ 1996 во Атланта.

(Фото: Вајримиџ)