ШАРАПОВА ГО ЧЕКА ПРВОТО БЕБЕ

Лондон, (АФП)

Бившата тениска ѕвезда Марија Шарапова го чека првото дете со свршеникот Александер Гилкс. Таа ја објави убавата вест на Инстаграм на својот 35. роденден.

„Јадење роденденска торта за двајца отсекогаш била моја специјалност“, напиша Шарапова под фотографијата на која ѝ се гледа трудничкото стомаче.

Русинката и 42-годишниот британски бизнисмен се свршија во декември 2020, две години откако јавно ја потврдија својата врска. Шарапова се повлече од тенисот пред две години со освоени пет гренд слем титули.