НИКОГАШ НЕ СУМ УДРИЛ ЖЕНА, СВЕДОЧЕШЕ ЏОНИ ДЕП НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ БИВШАТА СОПРУГА АМБЕР ХРД

Вирџинија, (Би-Би-Си)

Џони Деп изјави дека никогаш не ја удрил својата бивша сопруга Амбер Хрд, која ја тужи за клевета и бара отштета од 50 милиони долари. Неколку години по разводот, Хрд објави колумна во весникот „Вашингтон пост“ во која се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Таа одговори со контратужба, барајќи 100 милиони долари од Деп.

Судењето во Вирџинија влезе во втората недела и одбраната на Хрд досега го претстави Деп како насилен партнер кој прекумерно консумирал алкохол и дрога. Адвокатите на Деп ги опишаа тврдењата на Хрд како лажни и пресметана стратегија да се уништи неговиот углед.

На вчерашното сведочење, Деп кажа дека сега му е најважно да се дознае вистината.

„Никогаш не сум ја удрил Амбер, ниту некогаш сум удрил жена во животот. Зад мене се шест тешки години. Многу чудно, еден ден си Пепелашка, а потоа во секунда стануваш Квазимодо“, кажа Деп, опишувајќи како се сменил однесот на луѓето кон него по објавувањето на колумната.

Адвокатите на Деп ја обвинија Хрд дека ја одиграла најдобрата улога во животот со своите описи на наводните злоставувања. Бившиот терапевт на двојката претходно сведочеше дека во нивната врска имало заемно злоставување.

Судењето треба да трае најмалку шест недели, а се очекува и Хрд да сведочи.