ШЕСТАТА СЕЗОНА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“ ЈА ЗАМИСЛУВАМ НА САНТОРИНИ, РЕЧЕ ЛИЛИ КОЛИНС

САД, (Пипл)

Актерката Лили Колинс најави дека ќе се снима шеста сезона од серијата „Емили во Париз“, откако „Нетфликс“ на 18 декември објави 10 нови епизоди од петтата сезона.

„Си замислувам бујни пејзажи на Санторини и многу романса за девојките“, рече актерката за „Пипл“.

Лили Колинс го кажа своето мислење за крајот на серијата, и рече оти се надева дека ќе се пресели во нова земја.

Во петтата сезона, Емили Купер се соочува со голема дилема која ја води во борба помеѓу тоа дали да остане во Париз за да работи на својата кариера или да му се придружи на Марчело во Солитано за да го води маркетинг тимот на неговиот моден бренд.

Во петтата сезона која почнува во Рим каде Што Емили живее со Марчело (фото), впечатлива улога има Силви (Филипин Лерој-Болие), а тука се (Минди (Ешли Парк), Алфи (Лусијан Лависконт), Жилиен (Самуел Арнолд), Лук (Бруно Гуери и Габриел (Лукас Браво). Поранешната девојка на Габриел Камил, не се појавува во петтата сезона.

Француската актерка Камил Раза претходно рече дека излегува од хит-серијата откако го глумеше ликот на Камил во досегашните четири сезони.

„Овој лик ми значеше многу и чувствувам дека нејзината приказна природно дојде до крајот. Имам чувство дека ова е вистински момент да се истражат нови хоризонти“, изјави 32-годишната Раза за „Индипендент“.

 

Фото: Нетфликс