СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН РОДИ СИН

Лос Анџелес, (АП)

Скарлет Јохансон роди машко бебе чие име е Козмо, објави нејзиниот сопруг Колин Џост на Инстаграм. Ова е прво дете за двојката, која се венчаше минатиот октомври.

„Точно е, имаме бебе. Неговото име е Козмо и многу го сакаме“, кажа Џост.

Магазинот „Пипл“ прв ја објави веста за породувањето, која дојде како изненадување за многумина, имајќи предвид дека Џост пред само неколку дена првпат спомнал дека Јохансон е трудна за време на комично шоу во Конектикат.

Ова е второ дете за 36-годишната холивудска ѕвезда, која ја има шестгодишната ќерка Роуз од бракот со Ромен Дуријак.