СКИЈАЧКАТА ЛЕГЕНДА ЛИНДЗИ ВОН СЕ ПРЕМИСЛИ И РЕШИ ДА СЕ МАЖИ ПО ВТОРПАТ

Њујорк, (Вог)

Една од најдобрите скијачки на сите времиња Линдзи Вон ќе се мажи по вторпат.

Триесет и четиригодишната Вон, која ја заврши кариерата на крајот на минатата сезона, објави дека се свршила со хокејарот Пи Кеј Субан, со кого е во врска две години.

„Од старт знаев дека тој е поинаков. Веќе сум била во брак, па затоа долго време не бев сигурна дали сакам повторно да го направам тоа. По неколку месеци врска, сфатив дека тој е оној со кој сакам да бидам. Тој ме прави среќна, позитивен е и енергичен“, изјави Вон за магазинот „Вог“.

Олимписката шампионка во спуст четири години беше во брак со скијачкиот тренер Томас Вон, чие презиме одлучи да го задржи и по разводот во 2013. Потоа две години беше во врска со голферот Тајгер Вудс.