СОЛОГАМИЈА Е НОВ ТРЕНД, ИТАЛИЈАНКА СЕ ОЖЕНИ СО САМАТА СЕБЕСИ

Лаура Мези направи свадба според сите стандарди: носеше бел венчален фустан, имаше голема торта и неколку старосватици и повика 70 гости. Недостигаше само младоженецот.

Четириесетгодишната Италијанка се ожени со самата себеси, во новиот светски тренд наречен сологамија.
„Цврсто верувам дека секој од нас прво мора да се засака себеси. Можете да имате бајка и без принц“, вели фитнес-инструкторката.

Таа е првата жена во Италија која организирала ваква церемонија, откако во мај во Неапол, Нело Руџеро си кажа „да“ на самиот себеси.

Лаура се решила на соло-венчавка, откако пред две години и пропаднала 12-годишна врска.
„Им реков на семејството и на пријателите дека доколку до 40 години не си најдам сродна душа, ќе се оженам за самата себеси. Ако еден ден во мојот живот влезе маж со кој ќе можам да планирам иднина, ќе бидам среќна, но мојата среќа не зависи од тоа“, додаде Мези.

Првите примери на сологамија датираат од 1993 година и таа подоцна се популаризираше преку ТВ-серии и книги.
„Сингл е новото нормално! Славете го својот соло-статус!“, е мотото на сологамијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *