СЕРИЈАТА „ВИЛ И ГРЕЈС“ СЕ ВРАТИ ПО 11 ГОДИНИ СО НОВИ ПРАВИЛА

По 11-годишната пауза, по финалето во 2006 година, серијата „Вил и Грејс“ се враќа на телевизијата „Ен-Би-Си“, со истите четири ѕвезди: Ерик Мекормек (Вил), Дебра Месинг (Грејс), Шон Хајес (Џек) и Меган Муалали (Карен).

„Вил е се уште адвокат, го декорирал станот, тој е убав со висок стил. Ја пронајде љубовта, но раскина. Истото и со Грејс. Што се однесува до Џек, тој не сака да старее, така што ќе го гледаме на нови состаноци со помлади момчиња“, објаснува Ерик Мекормек.

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден изјави во 2012 година дека серијата од 90-те за адвокатот хомосексуалец, кој живее со неговата хетеросексуалната другарка „веројатно направи повеќе од кој било друг досега за едуцирањето на американската јавност околу прашањето на хомосексуалноста.“

На прашањето дали има нешто што серијата може да направи сега, што не можела да направи пред 11 години, Ерик одговара: „Сега имаме претседател кој кажува работи што не би требало да ги каже јавно. Така што, правилата се прекршени… Знам дека ќе ги надминеме границите, затоа што не е забавно ако тоа не го правиме“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *