ТЕА БЕГОВСКА ЈА РЕЖИРА „ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Драмскиот театар во Скопје почнаа пробите за претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на Теа Беговска.

Сценографка и костимографка на претставата е Надиа Василева од Бугарија, а музиката е на Енес Беговски. Играат Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.

„Ова е само крајот на светот“ е првата претстава што се подготвува во Драмски во годината кога театарот го обележува 80-годишниот јубилеј. Премиерата се планира за 7 март.

„Верувам дека во процесот на подготовките на претставата сите заедно многу ќе истражуваме и ќе создадеме една моќна претстава за дисфункционално семејство во кое навидум сите се на број, но секој го живее својот индивидуален проблем и најважен процес е одложувањето да се каже вистината“, вели Беговска.