ТЕНИСКАТА ЅВЕЗДА НАОМИ ОСАКА ДОБИ ЌЕРКА И ПЛАНИРА ПОВТОРНО ДА ИГРА

Лос Анџелес, (Пипл)

Поранешниот светски рекет број еден Наоми Осака стана мајка. Дваесет и петгодишната Јапонка роди девојче во болница во Лос Анџелес, шест месеци откако таа и нејзиното момче, раперот Кордеј, објавија дека чекаат дете.

Осака ја нема на тениските терени уште од септември минатата година. Последната од своите четири гренд слем титули ја освои во Австралија во 2021, по што отворено почна да зборува за своите ментални проблеми кои произлегоа од притисокот на јавноста и успехот. Во мај таа година се повлече од Ролан Гарос и потоа зеде петмесечна пауза од тенисот.

Иако моментално се наоѓа на 429. место на ВТА-листата, Осака планира повторно да игра и најави дека би сакала да настапи на Олимписките игри 2024 во Париз.

(Фото: АП)