Популарниот детски анимиран лик прасето Пепа ќе добие нов брат или нова сестричка, објави нејзината мајка.
Серијата „Прасето Пепа“ е синхронизирана на повеќе од 40 јазици и ги следи секојдневните доживувања на Пепа и нејзиното семејство, кое го вклучува и нејзиниот помал брат Џорџ. Но, по две децении, животот на Пепа и Џорџ ќе се промени зашто ќе добијат братче или сестричка оваа година.
„Возбудена сум што можам да споделам дека нашето семејство ќе стане уште поголемо зашто ќе имаме ново бебе. Ќе се породам налето“, објави мајката прасе во специјален сегмент од емисијата „Добро утро Британија“.
Прасето Џорџ има две, а Пепа четири години и двајцата само еднаш славеа роденден откако серијата почна да се емитува во 2004. Креирана од Невил Естли и Марк Бејкер, „Прасето Пепа“ денес може да се гледа во повеќе од 180 држави.
(Фото: Алами)