Се враќа еден од најпознатите и најомилени телевизиски сериски убијци.

Американската ТВ-мрежа „Шоутајм“ објави дека по осум години ќе ја оживее наградуваната серија „Декстер“ со нови десет епизоди. Мајкл Си Хол, кој освои Златен глобус за најдобар актер во 2010, се враќа во улогата на полицискиот аналитичар на траги од крв кој во слободно време убива убијци.

Според најавите, серијата ќе почне да се снима во почетокот на следната година, а премиерата е предвидена во есен.

„Декстер“ се емитуваше од 2006 до 2013 година, но многумина ја сметаат последната епизода за едно од најлошите финалиња досега. Во неа, Декстер Морган ја лажира својата смрт, бега од Мајами и почнува да живее под ново име во Орегон. Не е познато што се случува со Декстер во новата серија.