„ДЕКСТЕР“ СЕ ВРАЌА СО ДВЕ НОВИ СЕРИИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Приказната за Декстер Морган, серискиот убиец кој убива убијци, сè уште не е завршена, откако ТВ-мрежата „Шоутајм“ најави две нови серии.

„Dexter: Origins“ ќе го следи Декстер Морган во периодот кога завршува колеџ и се вработува во полицијата на Мајами, додека истовремено се претвора во сериски убиец. Засега нема информации кој ќе го глуми младиот Декстер.

Другата серија ќе се фокусира на синот на Декстер, Харисон и ќе биде своевидно продолжение на „Dexter: New Blood“ од 2021, која требаше да биде заокружување на оригиналната серија со осум сезони.

„Серијата ќе го следи Харисон, кој бега во Њујорк по смртта на татко му, додека се бори со својот сопствен Мрачен Сопатник“, најавуваат од „Шоутајм“.

Мајкл Си Хол освои Златен глобус за најдобар актер во 2010 за улогата на Декстер.