ЏОН КЛИЗ ПО 44 ГОДИНИ ЈА ОБНОВУВА КУЛТНАТА СЕРИЈА „ФОЛТИ ТАУЕРС“

Лондон, (Би-Би-Си)

Легендарната британска хумористична серија „Фолти тауерс“ се враќа по повеќе од 40 години. Џон Клиз, кој го играше главниот лик Бејзил Фолти, го пишува сценариото и повторно ќе глуми, овојпат заедно со ќерка му Камила.

„Фолти тауерс“ имаше две сезони емитувани на „Би-Би-Си 2“ во 1975 и 1979 година и ги следеше хотелиерите Бејзил и Сибил Фолти (Прунела Скејлс) додека се обидуваат да ги одржат своите бизнис и брак.

Новата серија ќе прикаже како циничниот и саркастичен Бејзил се снаоѓа во модерниот свет. Тој и неговата ќерка, за која само што дознал дека постои, се здружуваат за да водат мал хотел.

Во 2019, панел на телевизиски експерти ја прогласи „Фолти тауерс“ за најдобриот британски ситком на сите времиња.

(Фото: Гети)