„Дизни“ најави неколку нови серии според ликови на „Марвел“, како и нова серија од „Војна на ѕвездите“, што ќе бидат првите оригинални содржини на неговиот стриминг сервис, додавајќи дека исто така ги откупил правата за емитување на „Симпсонови“.

„Дизни+“ ќе биде лансиран во Северна Америка на 12 ноември, по месечна цена од 6,99 долари, но засега не е познато кога ќе се појави на други пазари. Ова се должи на тоа што компанијата е сè уште во фаза на враќање на правата врз содржините што претходно ги имаше продадено на други стриминг платформи и ќе бидат потребни барем уште четири години пред сите тие договори да истечат.

Во меѓувреме, платформата ќе прави свои серии и вчера беа најавени четири, кои ќе се базираат врз ликовите на Локи (Том Хидлстон), Скарлет Вич (Елизабет Олсен), Вижн (Пол Бетани) и Фалкон (Ентони Меки). Исто така, најавена е и шпионската серија „Мандалоријан“, што ќе се базира врз ликот на Касијан Андор (Диего Луна) од франшизата „Војна на ѕвездите“.

На мрежата доаѓаат и првите 30 сезони на „Симпсонови“.