Ејч-Би-О го даде првиот увид во новата спиноф серија на „Игра на тронови“, „Витез на седумте кралства“ (A Knight of the Seven Kingdoms), која ќе излезе следната година. Во првиот краток тизер, главниот актер Питер Клафи се претставува како сер Данкан Високиот.
Заснована врз настаните од серијата романи на Џорџ Р. Р. Мартин „Данк и Ег“, првата сезона е адаптација на првата книга „The Hedge Knight“.
Данк е благородник кој го облекува оклопот на витезот кого го придружувал до неговата смрт, самиот се прогласува за витез и случајно доаѓа на турнир. Серијата се случува еден век пред дејството во „Игра на тронови“, но по настаните во „Куќата на змејот“.
Другиот насловен лик Ег е всушност идниот крал Егон Петти Таргарјен, а го игра 25-годишниот Фин Бенет, кој глумеше во последната сезона на „Вистински детектив“.