„Нетфликс“ објави нова најава на последната, шеста сезона на „Куќа од карти“, навестувајќи дека Френк Андервуд е починат. Финалето на серијата, односно сите осум епизоди ќе бидат пуштени на 2 ноември.

Серијата ќе заврши без бескрупулозниот лик на Кевин Спејси, кој беше тргнат минатиот октомври, откако, меѓу другото, се дозна за неговиот стар сексуален скандал со малолетник. Главната улога ја презема Робин Рајт, која на крајот на петтата сезона доаѓа на функцијата претседател на САД.

Во најавата на сезоната, таа стои над гробот на Френк Андервуд, кажувајќи му дека таа нема да биде погребана на зафрлени гробишта.

„Кога ќе даоѓаат да ми оддадат почит, тие ќе мора да чекаат во ред“, вели Клер Андервуд.

Како нови ликови, во серијата влегуваат Грег Кинијар и Даен Лејн.