„ИСТРЕБУВАЧ“ И „ОСМИОТ ПАТНИК“ ЌЕ БИДАТ ПРЕТВОРЕНИ ВО ТВ-СЕРИИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ридли Скот потврди дека неговите најпознати научно-фантастични филмови „Истребувач“ и „Осмиот патник“ ќе бидат претворени во ТВ-серии.

„Веќе е напишана пилот-верзијата на ‘Истребувач‘, како и план за десет епизоди“, кажа Скот во пресрет на премиерата на својот нов филм „Куќата на Гучи“.

Оригиналниот „Истребувач“ излезе во 1982, а продолжението на Денис Вилнев во 2017. Скот го сними „Осмиот патник“ во 1979, по што следеа уште три дела, како и спинофи.

„Серијата ‘Истребувач‘ веројатно ќе трае десет часа. Слична е ситуацијата и со ‘Осмиот патник‘, за која веќе е подготвен пилотот“, изјави Скот.

Минатата година, шефот на телевизијата „Еф-Екс“, Џон Лендграф, го опиша новиот проект како „првата приказна за осмиот патник што се случува на Земјата“.