Ќе се снима шеста сезона од популарната ТВ-серија „Емили во Париз“, објави стриминг-гигантот „Нетфликс“, преку видео со главната актерка Лили Колинс.
Креаторот на серијата, Дарен Стар, веќе почнал да размислува за тоа што би можело да биде следно за Емили во шестата сезона.
„Има многу места што би сакал да ги посетам. Серијата се вика ‘Емили во Париз’. Никогаш нема трајно да ја напушти својата база. Но, ако можам да ја однесам публиката на патување некаде на друго место, би сакал. Забавно е да се размислува за тоа“, изјави неодамна Стар.
Петтата сезона излезе на 18 декември и дебитираше во Топ 10 на „Нетфликс“ на второто место со 13,5 милиони прегледи во првите четири дена од стримувањето и го задржа второто место со 13,3 милиони прегледи следната недела.
(Фото: Нетфликс)