КРЕАТОРИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ СЕ СЕЛАТ ВО „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Дејвид Бениоф и Ди Би Вајс, креаторите на една од најуспешните ТВ-серии на сите времиња, „Игра на тронови“, се селат во друга голема франшиза.

Тие ќе почнат да работат на „Војна на ѕвездите“, откако ќе заврши последната сезона од „Игра на тронови“ во 2019 година, објави компанијата „Лукасфилм“. Засега нема детали за каков проект станува збор.

Тие треба да развијат приказна поразлична од сегашниот серијал и од новата филмска трилогија, што ќе ја режира Рајан Џонсон.

„Во летото 1977, ние патувавме во галаксија што се наоѓа далеку, далеку оттука и оттогаш сонувавме за ова“, се вели во заедничкото соопштение на Бениоф и Вајс.

Иако „Игра на тронови“ се карактеризира со експлицитни сцени на насилство и секс, што е различно од семејниот концепт на „Војна на ѕвездите“, претседателката на „Лукасфилм“, Кејтлин Кенеди, вели дека Бениоф и Вајс се меѓу најдобрите раскажувачи во бизнисот денес.