Од 13 до 17 мај, во скопскиот Градски парк на „Школка“ ќе се одржи 15. издание на градскиот фестивал „ВиноСкоп“.
Првиот ден ќе настапат Александар Јорданов, „Хепи енд бенд“ и „Либеро бенд“, следниот ден се диџеј Марио, „Виа Скопје“ и „Куку леле“ од 22 часот, а на 15 мај диџеј Карлито, Здравев мјузик, Огнен Здравковски и групата „Пауза за ракија“.
На 16 мај, програмата започнува со традиционалниот концепт „Блуз и вино“, кој ќе трае од 12 до 18 часот. Во вечерниот дел ќе настапат диџеј Бела, Мијата (фото), Камерен оркестар и „Пасио бенд“. Фестивалот ќе заврши на 17 мај со дневен настап на диџеј Гоце САФ од 12 до 18 часот.
„И ова издание ќе понуди внимателно селектирана понуда на вина, гастрономски деликатеси и музичка програма“, велат организаторите.