Мајкл Си Хол потврди дека ќе се врати во улогата на Декстер Морган откако беше најавено снимањето на нова серија за омилениот сериски убиец.
Како што беше објавено на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, „Декстер: Воскреснување“ ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, на чиј крај главниот лик умира, поради што се веруваше дека тоа е дефинитивен крај. Креаторот на серијата Клајд Филипс не откри многу детали од дејството, освен дека Декстер некако ќе оживее.
На Комик-Кон беше промовирана и приквел серијата „Декстер: Оригиналниот грев“, која го истражува Декстер во млади години и ќе има премиера во декември годинава.
„Декстер“ почна да се емитува во 2006 и имаше осум сезони.
(Фото: АП)