„НЕТФЛИКС“ ГО ОБЈАВИ ТРЕЈЛЕРОТ ЗА НОВАТА СЕРИЈА НА КРЕАТОРИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Њујорк, (Вараети)

„Нетфликс“ го објави трејлерот за една од своите најисчекувани серии „3 Body Problem“, што ќе може да се гледа од 21 март.

Креирана од Дејвид Бениоф, Ди Би Вајс и Александер Ву, серијата е заснована врз романот „The Three-Body Problem“ од кинескиот автор Лиу Цишин. Ова е првиот заеднички проект на Бениоф и Вајс по завршувањето на „Игра на тронови“, каде што беа едни од главните сценаристи.

„Судбоносната одлука на една млада жена во Кина од 1960-тите одекнува низ просторот и времето до денес. Кога законите на природата необјасниво ќе се откријат пред нивните очи, тесно поврзана група брилијантни научници ги здружува силите со неортодоксен детектив за да се спротивстави на најголемата закана во историјата на човештвото“, стои во најавата на научно-фантастичната серија.

Во актерската екипа се Елса Гонсалес, Лијам Канингам, Џон Бредли, Бенедикт Вонг, Џонатан Прајс, Марло Кели и други.