Стриминг гигантот „Нетфликс“ промовира колекции во кои корисниците ќе можат да истражуваат стотици наслови на филмови и серии низ призмата на хороскопот, што значи дека за секој хороскопски знак ќе има наслови што ги одразуваат нивните уникатни особини. Манси Пател, една од директорите на „Нетфликс“, рече дека секогаш бараат нови начини за курирање филмови и серии на платформата.
„Мислам дека овој специфичен начин е навистина забавен за да влезете во вашата омилена серија или филм. Оваа потреба се појави затоа што забележавме дека Меркур е во ретроградна положба. И тоа се случи околу објавувањето на хит-серијата ‘Црно огледало‘“, се пошегува таа.
Пател рече дека размислувале за различни идеи, пред да ги поврзат 12-те астролошки знаци со избор на забава што би можела да ѝ се допадне на секоја група.
„Се надевам само дека кога ќе почне да функционира оваа наша колекција, луѓето ќе почувствуваат дека ‘Нетфликс’ ги слуша, гледа и разбира“, рече Пател.