НОВАТА СЕЗОНА НА „ЕДЕН НА ЕДЕН“ ПОЧНУВА СО ПЕРО АНТИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Единаесеттата сезона на ТВ-шоуто „Еден на еден“ ќе почне да се емитува в недела на телевизијата „Канал 5“. Премиерата на првата епизода е закажана во 18.30 часот, а гостин на водителот Жаре ќе му биде кошаркарската легенда Перо Антиќ.

Антиќ, актуелен претседател на Македонската кошаркарска федерација, во „Еден на еден“ говори за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк.

„За искуството во НБА и во европските клубови, за ноќта кога го привеле во Њујорк, за страста кон автомобилите, за моментот кога го нокаутирал Леброн Џејмс…, Антиќ и Жаре муабетеа и за приватниот живот на Перо, за синовите Лука, Павел и Петар, а шоуто го развеселија и игрите кои од оваа сезона повторно се враќаат“, најавува продукцијата.