Стриминг платформата „Макс“ на Ејч-Би-О потврди дека ќе снима спиноф серија на „Теоријата за Големата експлозија“ (The Big Bang Theory), чиј главен лик ќе биде Стјуарт Блум, кого во оригиналната серија го играше Кевин Сусман. Сајтот „Дедлајн“ објави дека серијата, која е во фаза на развој, ќе се вика „Stuart Fails to Save the Universe“.
Сценаристи и извршни продуценти на новата серија се кокреаторите на „Теоријата за Големата експлозија“, Чак Лори и Бил Пради.
Оваа серија првпат беше најавена во април 2023 и веднаш почна да се шпекулира дека ќе се фокусира на Стјуарт и неговата продавница за стрипови.
Сусман требало да има многу поголема улога во „Теоријата за Големата експлозија“ откако во прв момент бил избран за улогата на Хауард, која потоа му припадна на Сајмон Хелберг.