ОВАЦИИ ОД ФАНОВИТЕ НА ЛОНДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА ВТОРАТА СЕЗОНА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Холивуд рипортер)

Ѕвездите на „Куќата на змејот“ беа пречекани со големи овации од обожавателите на црвениот килим во Лондон, за премиерата на втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О.

Ема Д’Арси (Фото: Гети)

Оливија Кук, Ема Д’Арси, Мет Смит и Фабиен Франкел беа дел од големата екипа која присуствуваше на премиерната проекција на новата сезона. На Ејч-Би-О ќе се прикажува од 16 јуни и ќе има осум епизоди.

Еван Мичел (Фото: Гети)

Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, односно на граѓанската војна на Таргарјени.

Оваа серија е заснована врз книгата „Крв и оган“ на Џорџ Р.. Р. Мартин, која ја раскажува приказната за куќата Таргарјен.

Мет Смит (Фото: Гети)
Фото: Гети
Ив Бест (Фото: Гети)

(Фото: Гети)